
Џенифер Анистон не била изненадена кога слушнала за разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли. Сега, откако и официјано се дозна дека најпознатата актерска двојка е пред развод, сите се сетија на Анистон и тоа како таа беше оставена и изневерена од Бред со Анџелина, па коментарите се очекувани, дека на Џоли и се враќа истото.
Пријателите на славната актерка откриваат како таа реагирала кога слушнала за разводот и дека на тоа гледа како карма за тоа што Бред ја остави за Анџелина пред 11 години.
-Тоа е карма, им кажала Џенифер на пријателите, пренесува „Us Weekly“.
Неколку светски магазина пак објавија дека Џенифер го предвидела разводот за кој рекла дека е само прашање на време кога ќе се случи.
– Таа знаеше дека е неизбежно. Сите блиски пријатели знаеја дека Анџелина е манипулаторка, но се претпоставуваа дека ќе го остави за друг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


