| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред

Додека се одвива разводот меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит, каде најспорна точка е старателството над децата, нивната најстара биолошка ќерка Шајло одлучила да побегне од дома за да го види татко ѝ.

-Се разбира дека Енџи полуде. Тоа е најлошиот кошмар на секој родител – изјави извор близок до холивудската ѕвезда кој исто така тврди дека 12-годишната Шајло е многу блиска со татко ѝ и дека најверојатно е многу фрустрирана што не може да го гледа кога што ќе посака.

-Бред не ѝ се налути на Енџи, но сепак сметаше дека е страшно што Шајло излегла незабележано од куќата со силно обезбедување, особено имајќи предвид колку Енџи е потресена за безбедноста и има ангажирано телохранители и дадилка, додава изворот.

Веста дека Шајло побегнала од дома следеше неколу недели откако „Бласт“ објави дека судот ѝ наложил на Џоли дека мора да му дозволи на Пит да ги гледа децата најмалку четири часа секој втор ден во работни денови и 12 часа секој втор ден кога децата не се на училиште.

Џоли и Пит се разделија во 2016 година по 11 години врска.

Некои медиуми сметаат дека Џоли намерно „парадира“ во јавност со децата додека трае судскиот процес за разводот.

 

Ѕвездата се прошета со децата по Сансет Булевар, каде врие од папараци, не еднаш, ами два пати во рок од неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top