Зад сцената која го потресе целиот Балкан, на која се гледа девојче како спие покриено со ќебе на улица, се крие уште потажна приказна.
Тања има 6 години и останала без мајка, поради што морала да спие на улица. Новинарите, полицијата и социјалните работници се обидуваат да ја најдат и да ѝ овозможат неопходна нега.
Меѓутоа, откако оваа фотографија предизвика вознемиреност на Балканот, девејчето исчезна. На местото каде што спиеше остана само нејзиното ќебе, иако изгледа тоа и беше сѐ што имаше.
Работниците од блиските локали велат дека ја гледале речиси секоја вечер како спие на истото место. Одредени медиуми пренесоа дека е дете на слеп татко кој не е во можност да се грижи за неа, па е препуштена на улица.
За жал, ова девојче не е осамен случај во Нови Пазар, ниту во Србија. Улиците се преполни со деца и сиромашни кои немаат покрив над главата, ниту сигурно парче леб за тој ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.