| четврток, 6 декември 2018 |

Ново дерби меѓу Вардар и Металург во полуфиналето на националниот куп

Големите ривали во македонскиот ракомет, Вардар и Металург ќе играат меѓусебе во полуфиналето на Купот на Македонија, чија организација на лицитација ја доби Вардар. Во второто полуфинале ќе играат Зомимак и Металург јуниор.

Турнирот најверојатно ќе се одржи во СРЦ „Кале“ на 18-19 мај. Претставникот на Зомимак влезе во трка за лицитација со Вардар, но се откажа кога сумата достигна 9.500 евра, понудени од раководството на „црвено-црните“.

Претходно, Зомимак од Струмица побара да биде организатор на Купот на Македонија, уште пред да се отпочне со лицитација, со цел да биде добра промоција за ракометот надвор од главниот град. Со предлогот на струмичанио се сложија претставниците на Металург и на Металург јуниор, меѓутоа, Вардар  имаше спротивен став и подоцна лицитираше најголема сума и ќе биде организатор на завршниот турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top