Холивудскиот актер, Џим Кери е обвинет поради наводно набавување дрога под лажно име за неговата поранешна девојка Кетриона Вајт, кој почина од предозираност минатата година.
Марк Бартон, сопруг на поранешната партнерка на Кери, рече дека актерот го користел неговото големо богатство и статус на позната личност за илегално земање лекови на рецепт. Кери тогаш, наводно се обидел да ја скрие неговата вклученост.
Кетриона Вајт имаше 30 години кога беше пронајдена мртва како последица на предозирање на лекови.
Во моментот на смртта на Вајт, постоеја гласини дека таа била во непостојана врска со Кери и дека двојката повторно прекинала неколку денови пред нејзината смрт.
Според судската тужба поднесена во вишиот суд во Лос Анџелес, Кери дрогата ја набавувал под псевдонимот „Артур Кинг“. Потоа презел чекори за да ја прикрие и маскира неговата вмешаност и одговорност.
Бартон исто така, тврди дека Кери на Вајт и испратил „лажна порака“ еден ден откако нејзиното тело било пронајдено, а со цел да го прикрие неговото однесување и одговорност за нејзината смрт. Во пораката наводно се интересирал каде се наоѓа дрогата.
Бартон, освен тоа, тврди дека Кери ја „контролирал и манипулирал“ Вајт и дека по пат на надзорните камери во нејзиниот дом ги надгледувал нејзините движења.
Во рамки на тужбата се бара неодредена оштета и надомест за трошоците за погреб и адвокат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На Џим Кери му се суди: Ја уби, а ни погребот не ѝ го плати
-
Целоснен животен пад на Џим Кери: По алкохолот, дрогите и заразните болести, следи тужба
-
Страшни детали од последните денови од животот на девојката на Џим Кери
-
„Глупав и поглупав“ – девојката на Џим Кери му оставила проштална порака пред да се самоубие