| четврток, 6 декември 2018 |

Целоснен животен пад на Џим Кери: По алкохолот, дрогите и заразните болести, следи тужба

Мајката на починатата Катриона Вајт, поранешната девојка на Џим Кери која се самоуби во септември минатата година, покрена тужба против актерот. Бриџит Свитман тврди дека нејзината ќерка се самоубила откако сфатила дека Кери и пренел три сексуално преносливи болести и дека кога се соочила со него, тој ја оставил.

Во тужбата таа наведува дека тој не само што ја заразил, туку и ја навредувал нарекувајќи ја кучка и платил сомнителни мажи кои наводно и се заканувале да молчи. Катриона наводно во 2013 година дознала дека се заразила со два типа на херпес и кламидија. Свитман тврди дека Кери прво ги негирал болестите, а потоа се бранел дека можеби ги добила од некој друг.

Мајката тврди дека Катриона била упорна, на Кери тоа му здосадило и решил да и раскине, наводно со зборовите: „Стана многу драматична“.

Според наводите во тужбата, откако и се заканувале да молчи за болестите таа се борела со премногу емоции и затоа се предозирала со амбиен, пропранолол и перкоцет, таблети кои наводно му припаѓале на Кери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top