Извештајот за трагичната смрт на Катриона Вајт, девојката на славниот актер Џим Кери која се самоуби лани во септември, открива страшни детели од последните денови од животот.
„Дејли мејл“ ги објави деталите од извештајот со кој е утврдено дека Катриона починала од прекумерна доза лекови кои му биле препишани на Кери кои ги испила заедно со други апчиња.
Таа беше пронајдена мртва во стан во Лос Анџелес. Неколку часа пред да биде пронајдено нејзиното тело таа добила порака од Кери во која тој ја прашува каде се неговите лекови.
Неколку дена претходно тие ја раскинале врската. Таа на своите пријатели им говорела дека е лудо вљубена во Кери и дека нивната врска е многу бурна. Се шпекулира дека била во депресија поради љубовни проблеми и својот идентите го поврзувала со оној на Кери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.