„Се исклучувам од Твитер. Се надевам дека бев светлина во животите на своите најблиски“, напишала во последната порака на својот Твитер профил 28-годишната Катриона Вајт со што ја најавила својата смрт.
Џим Кери и неговата поранешна девојка биле заедно од летото 2012 година па се до март 2013 година, а врската ја обновиле во мај годинава. Двојката раскинала на 24 септември, а само после пет дена Катриона е пронајдена мртва во својата куќа во Лос Анџелес.
Наводно покрај неа имало апчиња. Полицијата соопштила дека станува збор за самоубиство.
Катриона ја пронашле двајца пријатели кои отишле да проверат што се случува со неа откако долго не им се јавувала.
Како што се наведува, оставила проштална порака до Кери: „Глупав и поглупав“.
Во меѓувреме, Кери оддаде почит на неговата девојка, а нејзината ненадејна смрт ја опиша како „удар од гром“.
– Таа беше навистина нежен и деликатен цвет, премногу чувствителен за оваа почва. Шокиран сум и во длабока така поради смртта на мојата драга Катриона. Срцето ми е заедно со нејзиното семејство и сите оние што ја сакаа и се грижеа за неа. Сите сме погодени од гром – изјави актерот откако во јавноста се појавија информациите дека неговата девојка се самоубила само неколку дена откако двојката се разделила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.