Новак Ѓоковиќ вели дека по освојувањето на Ролан Гарос не бил подеднакво свеж и дека се надева дека ќе го најде вистинскиот начин за да ја заврши сезоната.
– Да бидам искрен, се радувам што ќе пронајдам свежина и смиреност да уживам во спортот и да уживам на тениските терени, по Париз некако се загубив. Во последните неколку месеци ми беше тешко да се ангажирам максимално – вели Новак.
Најдобриот тенисер на светот освои седум турнири годинава, но само еден по Париз (Торонто) – испадна во третото коло на Вимблдон, во првото на ЛОИ, а на ОП на САД дојде до финалето.
-Имав Олимписки игри и неколку повреди – финалето во Њујорк беше одличен резултат со оглед на околностите и на тоа дека овој период ми е турбулентен.
До крајот на сезоната Ѓоковиќ би требало да настапи во Пекинг (од 3 октомври), па во Шангај, Париз и Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.