В среда,( 21 септември), со почеток во 20 часот, на Малата сцена во Македонската опера и балет ќе биде изведен балетскиот перформанс „Филм“, по идеја и кореографија на Саша Ефтимова.
Идејата на кореографката Саша Ефтимова, всушност, е една универзална порака за љубов.
-Забораваме на насмевски, љубезност, великодушност, хуманост, забораваме вистински да уживаме во животот, забораваме дека многу малку ни е потребно за да бидеме среќни. Нашиот живот се изразува како резултат на нашите доминантни мисли. Љубов… Тоа е тајната. Доколку повеќе се сакаме едни со други, толку многу повеќе проблеми би решиле. Тогаш светот би бил навистина убав – вели Ефтимова.
Во перформансот настапуваат: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Марина Анастасовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Мирослав Митрашиновиќ и Агим Бафтии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.