| четврток, 6 декември 2018 |

Заре Марковски си најде ангажман, ќе биде тренер на Џивова Скафати

Искусниот македонски кошаркарски стратег Заре Марковски по напуштањето на функцијата спортски директор во репрезентацијата на Македонија си пронајде нов клупски ангажман, повторно во Италија. Марковски на Апенините се враќа по две години пауза и потпиша договор со составот на Џивова Скафати.

Станува збор за клуб од Серија Б, со кој Марковски потпиша договор до крајот на сезоната. Искусниот 55-годишен тренер доаѓа на местото на досегашниот прв тренер во екипата Андре Занки, кој замина в пензија. Последниот ангажман на Марковски во Италија беше во 2014 година, кога мина само два месеци на клупата на Јуве Касерта.

Марковски првиот тренинг со новата екипа ќе го има веќе в среда, за в петок го има официјалното деби на клупата на Џивова Скафати, која игра против Де Лонги Тревизо во ЛНП Суперкупот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top