Либертаријанскиот претседателски кандидат во САД, Гари Џонсон, не ќе може да учествува во претседателските дебати иако во некои држави неговиот рејтинг изнесува девет проценти, а во Kолорадо имал рејтинг од 13 проценти. Одлуката за негово исклучување од телевизиските дебати била донесена во петокот од страна на Kомисијата за претседателските дебати.
Станува збор за тело што го контролираат двете клучни партии, Републиканската и Демократската, а кое има приватни спонзори и кое од 1988 година е овластено да го менаџира процесот со претседателски дебати во САД.
На дебатите, исто така, не ќе може да учествува и Џил Штејн од Зелената партија.
Поопширно во печатеното или во електронското издание на „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.