| четврток, 6 декември 2018 |

Kиднапирани двајца Италијани во Либија

Двајца државјани на Италија се киднапирани во Либија, соопшти денеска италијанското Министерство за надворешни работи.

Портпаролката на Министерството ги потврди извештаите на италијанските медиуми, дека две лица се киднапирани во пустина, не наведувајќи дополнителни детали.

Италијанското Министерство наведе дека неговата единица за кризни ситуации го следи случајот.

Италијанската телевизија „Скај“ јави дека покрај Италијанците е киднапиран и еден Канаѓанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top