Синот на поранешниот либиски претседател Муамер Гадафи, Саиф ел Ислам Гадафи е ослободен по пет години заробеништво, а медиумите шпекулираат дека тој би можел да се појави како политичка личност во либиската хаотична и променлива ситуација.
Саиф ел Ислам беше во затвор поради воени злосторства од 2011 година, од револуцијата во таа блискоисточна земја, во која беше убиен неговиот татко, пишува британски „Гардијан“. Бригадата Абу Бакр ел Садик со седиште во Зинтан, соопшти дека го ослободила синот на Гадафи, откако источниот парламент минатата година усвои закон за амнестија.
Сепак, не се знае дали тој го напуштил Зинтан и дали неговата слобода во Либија е делумна, бидејќи додека источниот парламент со седиште во Тобрук вели дека тој е слободен, владата во Триполи која ги поддржува Обединетите нации и натаму го смета за воен злосторник, а тамошниот суд го осуди во отсуство на смртна казна во 2015 година.
извор:макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриени тајни документи за Гадафи: Каков бил „планот Б“ за неговото рушење од „западните пријатели“
-
Синот на Моамер Гадафи ќе се кандидира за претседател на Либија
-
Потрага по богатството на Гадафи: Неговите милијарди, дијаманти и злато се бараат низ цела Африка
-
Каде се милијардите кои ги сокрил Гадафи?