| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирани седум руски и еден украински морнар во близина на брегот на Нигерија

nigerija

Седум руски морнари и еден украински, членови на екипажот на товарен брод, беа киднапирани од пирати во близина на нигерискиот брег, соопштија Министерствата за надворешни работи на Русија и Украина. ­

Според Амбасадата на Русија во Нигерија, товатниот брод „Би Би Си Карибиан“ на германската компанија „Бризе Шифарт“ бил нападнат на петти февруари во територијалните води на Нигерија. Киднапирани се седум руски граѓани, членови на екипажот, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Руските дипломати во Нигерија се во контакт со локалните власти и сопственикот на бродот, со цел да утврдат каде се морнарите и да ги ослободат колку што е можно побрзо.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека нивниот државјанин е киднапиран при нападот на истиот брод, што според нив се случил на шести февруари.

Според специјализираниот сајт „Марин сообраќај“ бродот „Би Би Си Карибиан“, што плови под знамето на Антигва и Барбуда, го напуштил градот Дуала во Камерун на четврти февруари нa пат за шпанското пристаниште во Лас Палмас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top