Започнува со работа фабриката за производство на пакувана вода за пиење, лоцирана покрај регионалниот пат Бошков Мост-Извор, на само 5 километри пред еколошки чистото село Гари каде што се наоѓа концесијата. Почетната инвестиција од 300.000 евра, а проценетите 7,7 милиони евра инвестиција, достигнаа 14 милиони евра за овие 3,5 години, колку што траеше процесот на реализација.
-Овој денешен свечен чин е финален производ од сите наши заложби и политики, а оваа инвестиција е од огромно значење не само за Гари и за Дебар, туку и за целиот западен регион, во насока на рамномерен и одржлив економски развој – рече министерот за економија Дритон Кучи.
Произведената вода во оваа фабрика е првенствено наменета за извоз, кој е веќе дефиниран, главно во соседните земји, арапските земји, Хрватска и Русија.
-Посебно е важно што се обрна огромно внимание на квалитетот и стандардите, па се доби висококвалитетна премиум вода, произведена по најмодерна технологија, што ја прави конкурентна за пробирливиот светски пазар – додаде Кучи.
-Инвестицијата што тука ја почнавме од темели пред околу три години, денес, благодарение на двајцата инвеститори од Република Хрватска, Дашмир Абдија и Бранимир Којиќ, доби лик на една од најмодерните, најсовремени и технолошки најопремени фабрики во Македонија и во регионот – рече во име на компанијата „Мали Лошињ“ Кујтим Деари.
Министерот за странски инвестиции Горан Мицковски го потенцираше значењето на водата како ресурс на иднината, чие значење е огромно.
-За нашава еконмомија, пак, посебно е значајно што инвестициите континуирано растат, а тоа значи и отварање на нови работни места, со што се придонесува кон намалување на невработеноста и зголемување на животниот стандард – рече Мицковски.
-Ниту еден инвеститор ниту имал, ниту ќе има административни проблеми во Дебар. Сите се добредојдени и за сите стоиме на располагање рече градоначалникот на Дебар – Ружди Лата.
Инаку, моменталниот број на 25 вработени, според најавите на инвеститорот, треба за многу скоро време да се зголеми, а дневното производство на флаширана вода може да достигне и до 200.000 литри по осумчасовна смена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Игор Џамбазов за празникот Голема Богородица во Гари (видео)
-
Во Гари се произведувале најдобри персиски килими што ги продавале во Германија
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра