| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп ќе гради Скејт парк (видео)

Скејт паркот ќе биди со површина од 1331м2 и ќе може да се користи за возење на скејтборд, ролери или BMX велосипеди.  Исто така просторот ќе може да се користи и за разни други културни случувања или спортски натпревари, најави градоначалник Марјан Ристески.

 

Скејтпаркот ќе се состои од повеќе делови како функционални целини. Бетонските површини ќе бидат околу 900м2 и функционално ќе бидат поделени на дел за почетници кој што ќе го сочинуваат рампи, скали, метални препреки и огради, помали надвишувања и аморфен базен со различна длабочина од 80см па се до 2м. Одделен од него ќе биди делот за искусни кој што ќе биде базен со аморфна форма и со длабочина од 2м која што максимално се зголемува до 3м.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top