Во Белгија е извршена еутаназија на малолетник, што е прв ваков случај по новите правила воведени во 2014 година. Со нив се овозможи на докторите да дозволат потпомогната смрт на деца на сите возрасти, соопшти претседателот на државниот одбор за еутаназија.
За првиот случај согласност побарал локален лекар , малолетникот бил во критична состојба, но нема детални информации.
Белгија ја легализира еутаназијата во 2002 година, а две години потоа ги преправаше правилата за да ги опфати и малолетниците од сите возрасти. Во соседната Холандија на пример, тие треба да имаат барем 12 години.
Меѓу 2003 и 2013 година, во Белгија се еутаназирани 8752 лица, пренесува државниот одбор за контрола на еутаназијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.