| четврток, 6 декември 2018 |

Важни избори за Меркел за градот-сојузна покраина Берлин

Вo германската престолнина Берлин, кој воедно е и сојузна покраина, во недела се одржуваат избори за локалниот Сенат, а според анкетите, се предвидуваат губење на гласачите за владејачката Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и на Христијанско-демократската унија (CDU), како и влегување на десната евроскептичната и антидоселеничка Алтернатива за Германија (AfD) во локалниот парламент.

Четирите најголеми партии во Берлин – SPD, CDU, Зелените и Левицата во анкетите се движат околу 20 отсто, додека за AfD се предвидува освојување на 10 до 15 отсто од гласовите, што би претставувало успех на оваа релативно нова партија, но која е во силен подем по минтогодишната бегалска криза која ја преплави Германија.

Исто така, се предвидува и крај на коалицијата меѓу SPD и CDU во Берлин,а најголеми шанси аналитичарите даваат на формирање на локална влада меѓу SPD, Зелените и Левица, со социјалдемократите како најголем партнер.

Меѓутоа, анкетата која ја објави во петокот јавниот сервис ZDF во соработка со Politbarometer Extra, во Берлин најголема поддршка има SPD с 23 отсто од гласачите, на CDU со 18, Зелените може да освојат 15 отсто а Левица 14,5 проценти, додека AfD доаѓа до 14 отсто поддршка меѓу гласачите во покраината на германската престолнина. Уште сено Слободната демократска партија (FoDP) со 6,5 отсто го минува изборниот праг од отсто.

За споредба, во 2011 година SPD освои 28,3 отсто од гласовите, CDU – 23,3 отсто, Зелените – 17,6 отсто, Левица – 11,7 проценти, Пиратската партија – 8,9 отсто, а другите партии не го минаа изборниот праг.

Главната тема на кампањата беше бегалската криза што ѝ одеше на рака на AfD, како партија која најмногу профитира од кризата и критиките за политиките на сојузната влада во кога седат владејачките на сојузно ниво демохристијани на канцеларката Мерел и социјалдемократите, кои во обратен сооднос ја сочинуваат и власта во Берлин.

Меѓутоа, за разлика од источните германски сојузни покраини каде AfD доживеа историски резултати и првпат влезе во некои покраински парламенти со солиден број застапници, во Берлина, кој од почетокот на бегалската криза вдоми околу 80.000 луѓе, не се очекува сензационален успех, но се оценува дека и споменатата поддршка е голем успех за партијата на Фрауке Петри.

Незадоволството на граѓаните од справувањето со мигрантската криза, има и незадоволство од работата на градските власти и лошата состојба на инфраструктурата. Незадоволството на жителите е насочено и он вртоглавиот раст на станарините, коишто, иако до неодамна Берлин важаше за поволно место за живеење, го надминаа германскиот просек.

По успесите на AfD на годинешните избори во покраините како Горна Саксонија и Мекленбург – Западно Поморје, кога според бројот на гласовите ги мина етаблираните партии како SPD и CDU, со голем интерес се очекуваат резултатите од изборите во Берлин, како нов показател на гласачите на една година пред парламентарните избори.

Нов тежок пораз на CDU може да биде дополнителен притисок врз Ангела Маркел, која и натаму е истрајна на нејзините принципи во имигрантската криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top