| четврток, 6 декември 2018 |

Дијаспората од Австралија категорична: Со двојазичност се редефинира и уништува Македонија

zname-zaev

По многубројните критики и силниот револт кој пристигна од граѓаните и експертите за изјавата на Заев во врска со двојазичноста на цела Македонија, со остра реакција се јавува и македонската дијаспора.

Нашинците од повеќе делови на Австралија му порачуваат на Зоран Заев дека работи на штета на Република Македонија и дека со двојазичноста ја редефинира и уништува земјата.

-Лидерот на СДСМ не крие дека неговата антимакедонска политика има единствена цел, да се додвори на албанските гласачи, без разлика што оди на штета на македонските национални интереси…. Сакаме да ја изразиме нашатазагриженост и револтот околу ова прашање кое го наметнува заев и не се откажува од идејата да ја втурне Македонија во бездна, порачуваат Македонците од Квинбијан.

dijaspora1

Македонската заедница од Нов Јужен Велс со седиште во Сиднеј остро ја осудува изјавата на Заев дека е подготвен доколку дојде на власт да воведе двојазичност во сите градови на Македонија.  Тие бараат и оставка од лидерот на СДСМ!

sidnej-ostavka

Иницијативниот одборза Семкаедонско Обединување 2016-та шокирани од ваквата изјава на Заев велат дека овој политичар нема способност паметно да расудува, а најмалку да биде лидер на опозиција.

semakedonsko

Македонската заедница од Перт е згорозена од тоа што, како што велат, заев без срам најавува двојазичност во цела македонија.

-За гласовите на Албанците тој е подготвен албанскиот јазик да стане официјален на територија на цела Македонија… Со тоа Заев го покажуваочајот од наредните избори и е жив пример што прави алчноста за власт, пари и моќ…. Македонскиот народ видел многу страдање, многу предавства и војни, но никогаш не запаметил ваква омраза која доаѓа со појавата на Заев, порачуваат тие.

zaednica-avstralija

Остри пораки и нота загриженост за ваквите изјави на човекот кој претендира да биде премиер, пристигнуваат и од Мелбурн.

Друштвото „Свети Наум Охридски“ од Мелбурн, порачува дека инсталирањето на двојазичност силно ги поткопува темелите и вредностите кои со векови се создавале.

melburn

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top