| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го презентира проектот „Заев вработува“: И Шекеринска зема плата од чекмеџето на „Бихаќка“

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во предизборието дарежливо се расфрла со партиски вработувања, па откако самиот призна дека се погрижил за парчето леб на независниот новинар Мухамед Зекири, кој „се одважи да помогне“, медиумите открија дека Заев редовно практикува да им се оддолжува со вработувања во партијата на луѓето кои „се одважиле да му помогнат“. Пред да почне да им тече стажот на Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири, Заев ѝ доделил работно место и на својата ултра богата заменичка Радмила Шекеринска.

Радмила Шекеринска во јавноста е позната по луксузниот живот кој го води, по скапите облека, чанти и чевли кои постојано ги носи на себе. Шекеринска живее луксузно.

Со неа се врзува и аферата во која нејзиниот сопруг, директорот на Дајнерс сам себе си ги издаваше становите за најскапата кирија за која македонскиот народ има слушнато.

anketen-list-sekerinska

Во февруари годинава, скопското јавно обвинителство соопшти дека ја прифатило кривичната пријава против сопственикот на Дајнерс – Македонија, Божидар Јанковски, сопруг на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, и ќе истражува дали и колку е вистина дека тој заработил стотици илјади евра изнајмувајќи си ги своите станови, а кириите ги наплаќал од службени пари. Според пријавата на МВР, кое тогаш и сега го раководи блискиот соработник на Шекеринска – Оливер Спасовски, тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според пресметките кои ги направи Прес 24 во перидот од 2009 до 2013 година сопругот на Шеќеринска затаил 2,8 милиони денари за данок на добивка и над 1,5 милиони денари за персонален данок на доход со што ги оштетил граѓаните на Македонија за сума од околу 4,5 милиони денари.

Радмила Шеќеринска и Божидар Јанковски

Радмила Шеќеринска и Божидар Јанковски

Освен три стана во Скопје и еден во Охрид кои ги рентале сами на себе и на неговата фирма, ова семејство молчеше и за други луксузи во кои ужива.

Шекеринска не ја пријави во анкетниот лист својата луксузна хациенда во Маврово, а излажа и дека не е нејзин луксузниот џип во кој често ја гледаме. Кога истиот џип беше дел од сообраќајна несреќа, Шекеринска беше еден од патниците во него.

Освен во Македонија, Шекеринска ужива луксуз и во соседна Грција. Таа летно време одмара на својата јахта за која сакаше да избегне да одговори пред јавноста, иако јахтата го носи името на нејзината ќерка.

jahta-sekerinska3

На сите овие луксузи во кои ужива заменичката на Заев, сега се додава и платата која ја зема од партиското седиште.

Истовремено, по објавите за новите вработувања во СДСМ, не стивнуваат бурните реакции од страна на јавноста, особено од симпатизерите на СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top