Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски го засили калчолигашот Палермо минатата сезона и досега запиша 32 настапи, постигнувајќи три погодоци за тимот од Сицилија.
Тој моментално се опоравува од повредатa и оваа сезона сѐ уште не настапил во тимот, а летово во клубот му се придружи и Илија Несторовски. Спортскиот директор на Палермо, Даниеле Фаџијано, смета дека двајцата Македонци ќе имаат голема улога во играта на Палермо оваа сезона.
– Трајковски и Квастион се нашите две ударни оски за оваа сезона. Момците се силни и веруваме во нив. Несторовски пристигна ова лето во клубот и се надеваме дека наскоро ќе започне да постигнува погодоци. Веруваме дека заедно со Трајковски ќе имаат голема улога во дресот на Палермо – истакна Даниеле Фаџијано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б