„Таа ноќ во 1991 г., неполни два месеци откако стапивме во брак, Меџик ја дозна дијагнозата и веднаш ми ја соопшти, а потоа се заклучи во соба и почна да им се јавува на сите љубовници со кои бил интимен“, пишува Куки во книгата.
Не можеше да се сети со колку жени бил интимен, но, на оние на кои им се јави, им ги преврте животите.
На сите мораше да им објасни дека е ХИВ позитивен, што тогаш се сметаше за смртна казна. Она што е најлошо, жените кои правеа тестови, мораа да чекаат 12 дена до резултатите, што значи дека во тие 12 дена живееле во неверојатен психички пекол.
„Во еден момент, нашиот свет, нашата совршена заедница за која силно се боревме, беше збришана“, пишува Куки – „Одеше кон мене, ми ја зема раката, седна и ми ги кажа лошите вести. Не можев да дишам“.
А да биде уште полошо, бев трудна со Еј Џеј. Кога помина првиот шок, непрестано размислував за тоа дали бебето ќе биде ХИВ позитивно.
„Секое утро се будев во паника дека сум можеби и јас ХИВ позитивна и дека ќе умрам. А уште полошо, панично се плашев за бебето.“
Во книгата опишува и какво влијание имало семејството на него да излезе и јавно да признае, но и да ја прекине успешната кариера во НБА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.