| четврток, 6 декември 2018 |

И Вајда го брани Ѓоковиќ: Стопалата на Новак крвареа

Мирослав Вајда, вториот тренер во тимот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ застана во одбрана на тенисерот кој го загуби финалето на Ју-ес опен од Стен Вавринка и предизвика лавина од реакции и критики за двата медицински тајмаута што ги побара во решавачкиот, петти сет.

– Требаше да ги видите стапалата на Ѓоковиќ во соблекувалната. Имаше големи болки и крв насекаде. Новак не е измамник. Помошта ми беше потребна навистина. Имаше многу трчање, размена на удари. Претрпе многу – истакна словачкиот стручњак во таборот на српскиот тениски ас.

Според него, настапот на Ѓоковиќ на Ју-ес опен не е неуспех.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top