Група локални жители и активисти за правата на животните се судрија вчера и заемно се навредуваа за време на стариот шпански фестивал на кој првпат оваа година се забранува традиционалното убивање бикови со копје.
Полицијата на коњи инетервенираше пред стотици луѓе, кои тргнаа во трката по бикот и предизвикувајќи го во градот Тордесиљас, 200 километри северозападно од Мадрид.
На фестивалот, кој, според зборовите на организаторот, потекнува од 14 век, по традиција, на коњи се брка бикот или пеш и на крајот највештиот учесник го прободува со копје и убива пред илјадниците гледачи. Тоа е еден од најкрвавите шпански спектакли.
Поради сè поголемите протести на активистите за правата на животните, регионалната влада минатата година забрани убивање за време на градските фестивали иако и понатаму се дозволува биковите да се убиваат во традиционалните борби со биковите во арената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето