Езерата се најмирни води, но тука, по правило, има најмногу жртви, тврди инструкторот по нуркање во клубот „Крагуј“ во Крагуевац за српскиот весник „Блиц“.
– Најголемиот непријател на капачите е разликата во температурата на водата. Во езерата не постојат вирови, нема голем проток на вода, ниту струи. Но, проблемот е во температурата на водата. На површината е топла, а веќе половина метар подолу е ладна. Кога пливач кој нема искуство влезе во тој ладен слој, организмот сам почнува да ја повлекува крвта во внатрешните органи, црниот дроб, бубрезите и се што е витално за одржување на животот. Луѓето се паничат и доволно е да проголтаат само малку вода за да се затвори мускулот „глотус“ и да се запре секоја друга можност за ново вдишување – вели Владан Славковиќ.
Во мирните води во Србија растат две врсти на растенија, кои исто така можат да го зголемат ризикот од давење, бидејќи контактот со нив, поради паника и страв, може да биде смртоносен.
– Ресинот и поточарките се кревки растенија кои растат во езерата и од кои човек може лесно да се извади, доколку се заплетка. Но, ако се земе во предвид факторот на страв и на паника, кој може да го предизвикаат, се разбира дека конечниот исход во контакт со нив може да биде фатален за пливачите – вели вонредниот професор на Природно-математичкиот факултет д-р Драгана Вуков.
Според неа, истиот ефект може да го направи и обична кеса или гранка, кои ги има на лошо одржуваните пливалишта.
Екпертите се согласни дека најбитно е систематското чистење на местата каде се плива, но и поголема контрола на надлежните.
Милислав Мијатовиќ, ренџер во Националниот парк Тара, со лиценца за спасување во гора и во вода, смета дека првентвено причина за смрт во езерата е непочитувањето на правилата на водата, односно капење на небезбедни места.
– Наглото влегување во вода доведува до срцев удар. Пливањето под дејство на алкохол, превртување на чамец, обидот да се спаси давеник – секој момент на невнимателност знае да биде кобен на езерата – објаснува тој.
За безбедноста во водата најбитна е прибраноста, бидејќи секој човек што ќе вдише воздух со цели гради, не може да потоне. Паниката и стравот се најголеми непријатели на неискусните пливачи, бидејќи го загрозуваат не само нивниот живот, туку и на оние кои се обидуваат да им помогнат, сметаат стручните лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.