| четврток, 6 декември 2018 |

Лапсусот на Томислав Николиќ во спомен-книгата на Авала

Претседателот  на Србија, Томислав Николиќ, на вчерашното положување цвеќе на Споменикот на незнајниот јунак на Авала, по повод 9 мај, Денот на победата, направи лапсус. Во спомен-книгата на ова место Николиќ им оддал признание на тие што ја „совладале бескрупулозната војска на Хитлерова Германија“, иако споменикот настанал меѓу двете светски војни.

– Ако сте можеле вие да ја совладате бескрупулозната војска на Хитлерова Германија, можеме и ние да им обезбедиме подобар живот на тие за чијашто слобода сте ги дале животите – напишал Николиќ во спомен-книгата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top