Американскиот претседател Доналд Трамп во најновото телевизиско интервју објаснуваше како го известил кинескиот колега Си Џипинг за нападот врз сириската воздухопловна база, но наместо Сирија, тој го спомена Ирак.
Веста му ја соопштил додека го јаделе „најубавото парче чоколадна торта“.
-Завршивме со вечерата и прејдовме на десертот. Го јадевме најубавото парче чоколадна торта кое што некогаш сте го виделе и претседателот Џипинг уживаше. Испаливме 59 ракети, сите од многу голема далечина, тоа е неверојатно, генијално, имаме технологија каква што никој нема- нагласи Трамп.
.@POTUS tells @MariaBartiromo he told President Xi about the Missile strikes over "the most beautiful piece of chocolate cake." pic.twitter.com/vPLu7ZhxbR
— FOX Business (@FoxBusiness) April 12, 2017
-Му реков дека тукушто испаливме 59 ракети во правец на Ирак“- продолжува Трамп.
-Во правец на Сирија- го поправа водителката.
-Да, на Сирија- се поправи Трамп, но социјалните мрежи едвај чекаа на негова грешка за дса од тоа направат нова шега на негова сметка.
Trump: President Xi, I just want you to know I just fired 59 cruise missiles at [Iraq] Syria. #RussiaGate #Cake pic.twitter.com/xZXvZiQmAL
— LT. Reg Barclay 2017 (@RegBarclay2017) April 13, 2017
За време на нападот, Трамп имаше средба со кинескиот претседател во Флорида.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.