| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ одлучи да се кандидира на претседателските избори во Србија

tomislav nikolic

Српскиот претседател Томислав Николиќ ќе се кандидира повторно на претседателските избори, јави „Спутник“, а подоцна и Б92 ја потврди информацијата, повикувајќи се на извори во кабинетот на Николиќ.

Српските медиуми јавија дека Николиќ одлуката за кандидатурата ја донел синоќа на прославата на неговиот 65 роденден.

Претходно, Танјуг пренесе дека од кабинетот на Николиќ не сакале официјално „ниту да ја потврдат, нуту да ја демантираат оваа информација“.

Кога српските медиуми ја објавија оваа вест, Николиќ на неговиот Твитер профил напиша: Нема потргнување, ниту повлекување.

Покрај објавата на Твитер, тој сподели и фотографија со српскиот премиер Александар Вучиќ од приемот одржан по повод Денот на државноста, како и фотографија од говорот при што го наведува тоа.

Николиќ вчера изјави дека не е изненаден од „исходот на гласањето“ на претседателството на Српската народна партија, со што е дадена поддршка на кандидатурата на лидерот на партијата Александар Вучиќ на претседателските избори.

На прашањето од новинарите: дали се откажал од кандидатурата, Николиќ наведе: Ќе се договориме.

Тој исто така, на прашањето: како ги коментира наводите на медиумите дека неговиот син ја поддржал кандидатурата на Вучиќ, нагласи дека Радомир Николиќ „го изнел неговиот став на подготвителниот состанок“.

Претседателството на седницата на Српската народна партија во вторникот,  едногласно одлучи за претседател на Србија, како нејзин кандидат, да го назначи Александар Вучиќ.

Вучиќ потоа наведе дека без поддршката на претседателот Николиќ ништо не би можеле да направат и дека тоа е негова „историска улога“.

– Оној кој би гласал за мене, би гласал и за него. Тој е најдобар можен кандидат, но ова е проценка поради стабилноста и три-четири отсто, кои би можеле да одлучат. Проценката е дека вака полесно можеме против оние кои се обединија за Србија да ја вратат назад, истакна Вучиќ.

– Планирам да работиме заедно и немам никаков проблем со тоа, но треба да видиме како да се поделиме. Многу го сакам Николиќ, многу ги сакам сите, но најмногу ја сакам Србија, нагласи Вучиќ.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top