| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските градежници најмногу градат во Индија

Од јануари до март годинава градежните работи вредат 78,5 милиони евра, што е за дури 27 пати повеќе во однос на истиот период лани

gradeznistvo (Small)

За првите три месеци од годинава македонските градежници најмногу договориле или извршиле градежни работи за Индија.

Според Државниот завод за статистика, најголем дел од склучените зделки за овој периот се токму на пазарите во Индија и во Босна и Херцеговина. Статистиката покажува дека вкупната вредност на договорените градежни активности во странство од јануари до март годинава изнесува околу 78,5 милиони евра, што е за дури 27 пати повеќе во однос на истиот период лани. Или за овој период градежната оператива од земјава извршила работи во странство во вредност од 3,1 милиони евра. Или, тоа е poраст за  348,7 проценти во споредба со првото тримесечје лани.

Индија е на првото место според вредноста и на потпишаните договори и за извршените градежни работи. Пораст на извршени градежни активности е забележан и на пазарите во Италија и во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top