Голманот на германската ракометна репрезентација Силвио Хајнветер демантира дека македонските ракометари ги нарекол „банда свињи“, а вели дека сè е масло на новинарите на германскиот весник „Билд“.
Според Хајнветер новинарите сензационалистички ја извртеле неговата изјава, која осамна со наслов „Ја победивме бандата свињи“ по триумфот на Германија од 28-23.
-Реков дека се борбени како вепри, а изјавата е извртена со цел да се привлече внимание на сензационалистички начин. Ги почитувам македонските ракометари и имам одлично мислење за нив. Никогаш не сум навредил никого на таков начин и нема да го направам тоа – вели Хајнветер.
Вчера, по мечот во Барселона, се крена многу прав откако низ македонските медиуми се појави божемната изјава на германскиот голман. За реванш веднаш се појавија слики на Хајнветер на кои тој се бакнува со непознат маж
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


