| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Искра Антова во „Јавна соба“

Искра Aнтова своето долгогодишно фотографско творештво го заокружува со прва самостојна изложба „БОИ И ТЕКСТУРИ – Close Up”, во Јавна соба, во вторник 13. септември со почеток од во 19:30ч. Влезот за сите посетители е слободен.

Тема на фотографиите на оваа изложба се мали плохи од 30 х 30cm. Претставени се преку „close up” фотографија која ја преокупира последниве две години.

Фотографиите се апстрактни, а дел и асоцијативни. Не се обидува да створи илузија на простор туку напротив, со намера, цврсто се држи до дводимензионалноста на фотографијата. Динамиката ја гради со контраст помеѓу боја-обезбоено, рамно-текстура, светло-темно, валкано-чисто и со игра на различни бои, со цел преку издржан избор на елементи кои се сфера на интересирање и преку минуциозно кадрирање, да постигне идеална рамнотежа.

При изборот на елементи, авторот се одлучи да влезе во светот кој за обичниот човек не е видлив, не е достапен или едноставно секојдневно го одминува и не го забележува. Тоа се скопските ѕидови, огради, контејнери, трафостаници…. некогаш облагородени со графити, некогаш извалкани, некогаш нагризени од времето, некогаш со искинати и излитени плакати.

Антова Искра во последниве 7 години работи како соработник на повеќе проекти во областа на фотографијата, видеото, 3Д анимацијата и дизајнот. Инаку авторот произлегува од школата за фотографија на проф. Владимир А. Вељановски, кој како директор на филмска фотографија, академски сликар и ликовен педагог и го отвора патот за нејзино професионално работење како фотограф и видеограф.

Изложбата „БОИ И ТЕКСТУРИ – Close Up” ќе биде поставена во Јавна соба до крајот на септември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top