| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот на Рим се изедначи со Паоло Малдини

Во вчерашната победа на Рома над Сампдорија од 3-2 (1-2), Франческо Тоти го постигна победничкиот гол во продолжението на натпреварот. Напаѓачот на римската екипа беше успешен реализатор на пеналот, кој донесе нови три бода.

Италијанскиот ветеран го одигра првиот официјален натпревар во сезоната 2016/17 година и со тоа стана само вториот играч во Серија А со 25 сезони едноподруго со барем еден настап. Претходно овој рекорд стоеше зад името на Паоло Малдини, фудбалерот на Милан.

Пред натпреварот, Тоти изјави дека оваа сезона ќе биде последна во неговата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top