| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите кај претседателот Иванов

Три дена до заминувањето за Севиља на нашата селекција

По кусиот одмор најдобрите македонски ракометари се враќаат на тренинзи на Кале во Скопје од каде в петок заминуваат за Шпанија. Денеска избраните од Звонко Шундовски ќе бидат гости кај претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов кој ќе им посака добар пат и нов успешен настап на Светското првенство.

Oд најновите вести поврзани со мундијалот за нас е најинтересна таа која вели дека најдобриот дански играч Микел Хансен е повреден до степен на неизвесност дали вопшто ќе игра во Севиља каде Македонија и Данска во рамките на групата Бе ќе имаат дуел на 18 јаунари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top