По брзата елиминацијата на Вимблдон и поразот во првото коло на Олимписките игри од Дел Потро, Новак Ѓоковиќ не успеа да го следи ритамот од минатата година и да го освои УС Опен како минатата година. Сепак Србинот по мечот го призна поразот и му честиташе на Швајцарецот.
– Честитки за Стен и апсолутно заслужи да победи вечерва. Покажа дека е голем шампион и ја заслужи оваа титула. Имаше многу фактори за мојот пораз. 7-8 месеци во целата сезона играм, не сум најсвеж, но давам најдобро што можам во Грен слем финале, цели четири часа се игра и не е лесно. Стен беше физички спремен, знаеше што сака и во овој маратон беше подобар. Физички не сум во најдобра форма, но секогаш со задоволство доаѓам во Њујорк – рече Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ останува на 12 Грен слем титули и 2016 година ќе ја заврши како светски рекет број еден и со два освоени големи турнири (Австралија опен и Ролан Гарос).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.