Американецот, Тори Томас ќе биде нов плејмејкер на МЗТ Скопје Аеродром следната сезона oткако потпиша едногодишен договор со клубот од Аеродром.
Се работи за искусен плејмејкер кој во Европа почнал да игра пред 9 години, а има играно за 12 различни клубови. Македонија е десеттата земја на Стариот континент каде што Томас професионално ќе настапува, со оглед на тоа што претходно бил дел од екипи од Шведска (Акропол), Холандија (Ханзеваст капиталс и Матрикс меџик), Полска (Туров и Роса Радом), Русија (Спартак Приморје), Србија (Партизан), Италија (Скаволини), Турција (Алиага Петким), Франција (Ле Ман и Шоле) и Грција (Арис).
Томас е четвртиот американски кошаркар кој потпиша договор со МЗТ Скопје по Џош Скот, Џеремаја Мејси и Ксавиер Темс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.