Наместо одговор, порталот Курир од СДСМ добиле само навреди и омаловажувања кои, како велат, нема да ги обесхрабат и во иднина да ја информираат јавноста. Тоа што останува непознато какви совети му дава Мухамед Зекири на Заев за 500 евра месечно и партиска функција?
Новинарско право и стандард е медиумот да постави прашање до политичката партија за теми за кои смета дека се од интерес на јавноста, без разлика дали станува збор за членови на политичката партија, опоненти или неопределени.
Курир по дознавањето на информацијата дека Мухамед Зекири освен што добил партиска функција и за 24 часа се трансформираше од „независен новинар” во член на Централниот одбор на СДСМ, добил и вработување во партијата со плата од 500 евра, се обидел истата да ја провери и да добие одговор од партијата. Официјално Зекири е вработен како советник во СДСМ од 09.09.2016 година.
Од Курир најпрофесионално се обиде да ја провери оваа информација упатувајќи прашања до СДСМ кои сметаме дека би биле од интерес на нашите читатели. Курир наведува дека во ниеден момент не го оспориле правото Заев да го вработи Мухамед Зекири во СДСМ , ниту пак тврделе дека станува збор за криминал. Напротив, тоа претставува интересна политичка одлука за која треба да биде информирана јавноста, наведува порталот.
Токму затоа од Курир до СДСМ во писмена форма ги поставиле прашањата дали новиот член на Централниот и Извршниот одбор Мухамед Зекири е вработен во партијата, колку изнесува неговата плата и колкумина членови на Централниот одбор се вработени во СДСМ? Наместо одговор на конкретните прашања, од СДСМ преку одделно соопштение добиле само навреди и омаловажувања.
-Личните напади и нарачаните хајки на курирските медиуми само ја потврдуваат фрустрацијата кај ВМРО-ДПМНЕ, која од ден на ден расте, зашто се повеќе граѓани, од различни професии, од различна етничка припадност, стануваат дел од движењето што ги носи промените во Македонија- стои во соопштението од СДСМ до Курир .
За јавноста останува енигма какви совети му дава Мухамед Зекири на Зоран Заев за 500 евра месечно и партиска фунција. Додека луѓе како Јани Макрадули, долгогодишен потпретседател и пратеник на СДСМ, сега се без никаков ангажман и без вработување во партијата, Зекири со сигурност станува еден од главните адути на СДСМ на овие избори и човекот од доверба на Зоран Заев, анализира Курир.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.