Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на УС Опен, откако во лош и помалку бизарен полуфинален меч го совлада Гаел Монфис со 3-1 (6-3, 6-2, 2-6, 6-2), за нешто повеќе од два ипол часа игра.
Бранителот на титулата Ѓоковиќ не блескаше, иако за 70 минути ги доби првите два сета, а од друга страна Монфис со своето однесување на почетокот на третиот сет го навлече гневот на публиката, која неколку пати го почести со свирежи.
Во финалето Ѓоковиќ е предизвикан од Швајцарецот Стен Вавринка, кој ќе се обиде да стигне до својата трета гренд слем титула во недела.
Вавринка го „скроти“ јапонскиот шести носител Кеи Нишикори со 4:6/7:5/6:4/6:2 на влажниот воздух на Флешинг Медоуз, откако му беше потребно време да влезе во ритам против финалистот од 2014, Кеи Нишикори, кој одигра речиси безгрешен прв сет со само две неизнудени грешки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.