
Чешката тенисерка Каролина Плишкова направи сензација на УС Опен кога во полуфиналето кое се изигра ноќеска ја елиминираше фаворитката за трофејот, Серена Вилијамс.
Втора година едноподруго Вилијамс е непријатно изненадена во полуфиналето на УС Опен, овојпат од десеттата носителка, Плишкова која славеше со 6-2, 7-6 (5).
Пред една година Вилијамс стигна до полуфиналето на крилјата на реткиот календарско-годишен гренслем, кога Италијанката Роберта Винчи, која не беше носителка и чии шанси за трофејот во Њујорк обложувачите ги проценија на 300:1, го направи едно од најголемите изненадувања на големите турнири.
Историјата продолжи да ја прогонува Вилијамс, која ќе се издвоеше на врвот на листата на гренслем-шампионки, ако ја освоеше својата 23. титула и со тоа ја поминеше Штефи Граф.
Вилијамс, која мораше да се пласира во финалето за да има каква било шанса да го задржи првото место на ВТА-листата, со овој пораз и дефинитивно и го препушти врвот на Анжелик Кербер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


