Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори направи изненадување на турнирот од Мастерс серијата во Мадрид и го елиминира големиот Роже Федерер во осминафиналето. Со победа од 6-4, 1-6, 6-2, јапонскиот самурај, како што го нарекуваат Нишикори се пласираше во завршницата во Мадрид. Федерер имаше подолг одмор од цели два месеци пред враќањето токму со турнирот во Мадрид, но сега пак може да одмори, барем до понеделник и настапот во Рим. Таму веќе замина Новак Ѓоковиќ, кој испадна по поразот од Григор Димитров. Прв фаворит во отсуство на Новак и Роже, сега е Рафаел Надал, тенисер што денеска го елиминираше Михаел Јужњи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.