Ева Рас е една од најкотроверзните српски актерки која последниве неколку години повеќе се појавува по реални шоуа отколку во театарски претстави. Нејзината искрена изјава која ја дала за порталот Клип.рс изненадила многумина. На прашањето од новинарите што мисли за се почестите напади кои се случуваат на улиците, убиствата и останатите несреќи, таа дала еден сосема неочекуван одговор.
– Јас би сакала мене некој да ме убие на лице место па да се заврши оваа комедија, изјавила таа.
Новинарот го интересирало зошта таа така размислува.
– Никогаш не планирав да стигнам до 76 години. Поради трагичните настани во мојот живот, одамна веќе не сакам да сум жива, но сум побожна и не можам да се обесам. Би му била благодарна некој таков тип да ме сочека и да ме застрела, изјавила актерката без нималку да се довуми.
Кога Ева зборува а трагичните настани кои го одбележиле нејзиниот живот, таа мисли на смртта на својот сопруг Радомир Стевиќ, а нејзиното единствено дете, ќерката Круна, која загинала на свои 24 години во Париз каде студирала.
– За причините за нејзината смрт се говореше сешто, но јас ништо не сакав да коментирам. Она што никој не може да го оспори е дека Круна беше најмладата српска писателка која од нејзината седма до дваесета година објави три книжевни дела, одговорила Ева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.