Можеше ли Македонија да направи повеќе во првите 25 години, со оглед на околностите под кои ја здобивме независноста и имајќи ги предвид домашните и надворешните противници на независна Македонија?
– Не! Ние не можевме да се бориме со шлеперот (што гази жаби) што ја уништуваше Македонија. ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да биде соучесник во таквото уништување и затоа нашата партија ги бојкотираше вторите парламентарни избори. Уништена Македонија – тоа е резултатот на тие сили што станаа челници по повлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Тие челници го уништија стопанството со приватизацијата, создадоа армија невработени. Тие челници со тупаницата (смрт на фашизмот – слобода на народот) покажаа на дело дека почна да се применува флоскулата од социјалистичкото време „фабриките на работниците, парите за нас“. На крај нѐ уверија дека не само парите,туку и фабриките станаа нивни, а работниците останаа на улица. Македонија стана уништена и потчинета, таа беше немоќна и пред странските сили, кои ја ограничуваат нашата слобода. Нема напредок со „шарената револуција“ и со враќањето на поранешниот поредок, кој се покажа како окупаторски, а не како ослободителен за Македонија, вели првиот потпретседател на Собранието на Република Македонија и потписник на Декларацијата за независност Драги Арсов во интервјуто за Република.
Ќе беше ли поинаку доколку пројугословенските сили беа послаби?
– Ќе беше! Нашата најголема грешка е изборот на Киро Глигоров за претседател на Македонија. Без него и доколку ВМРО-ДПМНЕ победеше на изборите, доколку тие избори не беа контролирани од УДБА, од полиција и од војска, ние ќе бевме како сега што се Словенија и Хрватска. Токму челниците беа ненационално ориентирани и тие пројугословенски сили не сакаа независна Македонија. Тие сакаа враќање на стариот поредок и враќање на Југославија, а за тоа сведочат и сегашните Титови сили и Титовата тупаница на нивните гради. Претставниците од социјалистичката Македонија во сојузните југословенски органи во Белград последни ги напуштија функциите. Додека сите словенечки и хрватски функционери се вратија во Словенија и во Загреб нашите останаа во Белград, таму живеат и денес. Интелигенцијата гледаше сеир од страна и го основа ВМРО-ДПМНЕ без искусни кадри што можат да го урнат системот. Точно е дека ВМРО-ДПМНЕ не го урна, но го разниша тој систем така што денес, пред новозакажаните избори, веќе испушти душа. ВМРО-ДПМНЕ, сепак, се наоѓа пред нова победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
СДСМ и Глигоров ја измамија ВМРО-ДПМНЕ за мандатар на новата влада
-
На Македонија не може да ѝ се случи 1990 г.: Итрината на СДСМ нема да ја победи волјата на народот
-
Драги Арсов: Главната пречка за остварување на сонот – независна Р. Македонија, не е надмината затоа што не успеавме да ги поразиме наследниците на комунизмот