Триесетгодишната боливудска убавица Дипика Падуконе е најплатената актерка во светот за 2016 година, а во последната година таа заработила неверојатни 96 милиони долари.
Нејзиното име се најде на листата „Пипл вит мани“, која ги собира на едно место луѓето што не заработуваат само со својата примарна професија, туку и со различните паметни инвестиции и вложувања.
Се проценува дека Падуконе е тешка вкупно 275 милиони долари, а богатството го има остварено со вложувања во акции, недвижен имот и со договори што ги има потпишано како заштитно лице на разни модни и козметички марки.
Таа е сопственичка на синџир ресторани и фудбалски клуб, има свој парфем, а и модна линија. Покрај тоа, таа се појавува во низа боливудски филмови, а на „Инстаграм“ има повеќе од 1,1 милион следбеници.
A photo posted by Deepika Padukone (@deepikapadukone) on
За неа првпат слушнавме во негативен контекст, како третата личност во совршениот брак на тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата Јелена Ристиќ.
Новак и Јелена ја запознале индиската актерка преку заеднички пријател. Семејството Ѓоковиќ и актерката во исто време престојувале во Лос Анџелес, па британските медиуми, односно „Дејли меил“, го искористи тоа за да ја пласира екскулзивната информација дека тенисерот и актерката биле заедно на вечера, а потоа заедно ја поминале и ноќта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.