Денеска од 18 часот во Автокоманда, Металург и Вардар Про, ќе бијат нова ракометна битка во домашното првенство. Дуел кој може да го одлучи и првакот на Македоннија, во случај домаќинот Металург да победи. Вардарци мора да освојат барем еден бод, доколку сакаат да се надеваат на титула.
„Металурзите“ се соочуваат со проблеми со повредени играчи, но очекувањата се дека сепак ќе може да настапат и Дарко Станиќ и Филип Миркуловски. Нема да игра голманот Петар Ангелов, по оперативниот зафат, а неизвесен е Козлина.
Веселин Вујовиќ, ќе може да смета на сите расположиви сили, а мора да најде начин да го надмудри Лино Червар, во обид да се прекине доминацијата на Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.