| четврток, 6 декември 2018 |

Зекири: Го одбрав СДСМ бидејќи има подобра програма од ИСИС

 

Поранешниот независен новинар Мухамед Зекири кој мината недела стана член на највисоките партиски органи на СДСМ и веројатно ќе биде носител на изборна листа, прати официјален допис во врска со неговиот нов ангажман.

Зекири изненади многумина со неговиот трансфер од ТВ Шења во СДСМ. За него многумина зборуваа дека е исламски радикал и близок со слични струи во Саудиска Арабија, па се претпоставуваше дека откако се прости со кариерата како независен новинар ќе продолжи со ангажман во религиозни цели, дури и во ИСИС, како што коментираа граѓани по социјалните медиуми.

Но, Зекири го одбра СДСМ и како што вели – не погрешил.

„Знам дека многумина очекуваа кариерата да ја продолжам во ИСИС или некоја слична организација, пред се поради моето искуство со бомбите на Заев, меѓутоа сепак се одлучив за СДСМ бидејќи има подобра програма од ИСИС. Пред се, како член на ИСИС никогаш нема да можам да посетувам фудбалски натпревари на Косово, Албанија и Шкендија, нема да можам да барам да се гласа за федерализација на Македонија, ниту ќе можам да се борам за двојазичност. Со платформата на Заев и СДСМ сигурен сум дека ќе можеме да се избориме заедно за сите овие работи“, уверен е Зекири.

„Па така, како иден пратеник и политичар во оваа Македонија ќе може да ги остварам сите цели и идеали кои како член на ИСИС не би можел да ги остварам, односно знаете како е, ако учествувам во една акција на ИСИС за моите цели, можно е да не дочекам да ги видам резултатите од акцијата. Вака, со СДСМ и пратеничкиот идентитет, граѓаните на Македонија можат да бидат мирни дека ќе бидам жив, здрав и ќе се борам за федерализација, двојазичност, Косово, Албанија и се што го сака мојот народ“, додаде тој.

Според Зекири, СДСМ полека станува новата најголема албанска партија во Македонија и заслужува да ја добие поддршката од сите граѓани за да ја реализира програмата за која многумина тврдеа дека не постои.

„СДСМ има програма и тоа е јасно како ден. Кому не му беше јасно, треба да му стане после мојот ангажман во оваа партија“, завршува поранешниот независен новинар.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top