Дебар ќе гласа За на референдумот а така ќе биде и во другите градови во нашава земја. Против се само кримниналците во земјава, кои немаат ниту нација ниту вера. Ова го нагласи на отворената трибина во Дебар потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието Мухамед Зекири.
Зекири пред дебарчани истакна дека референдумот е од историско значење по што треба да се постават стандарди каде што ќе фунционира законот, онака како што фунционира тој во земјите на ЕУ.
– Нема да има привилегирани личности ниту групи и сите ќе бидеме исти пред законот – рече Зекири и додаде дека Македонија во пресрет на референдумот добива и силна подршка од светски лидери.
– Силно веруваме дека на 3о септември Македонија ќе има успешен референдум со што се отвара патот за членство во НАТО и ЕУ. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле кон законот, тоа е и обврска на Македонија пред ЕУ бидејќи реформите мора да се спроведат – рече Зекири.
Дебарскиот регион има голем број на печалбари во земјите на ЕУ. Со референдумот ќе се создадат услови за повеќе вработувања во земјата а тие кои се надвор на печалба, фактички ќе го почуствуваат и благодетот на Македонија како членка на ЕУ, истакна на отворената трибина Зекири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.