| четврток, 6 декември 2018 |

Интервју со Драги Арсов, потписник на Декларацијата за независност

Во новиот број на РЕПУБЛИКА, кој е во продажба од утре (9 септември), ќе читате:

naslovna210

Ќе се изедат меѓу себе за власт 

Заев ја жртвува опозицијата да ги засити апетитите на Сорос

Прашањето дали и како социјалдемократите ќе успеат да го освојат мнозинството веќе воопшто не се разгледува ниту на Павел Шатев. Во моментов двете главните дилеми на актуелното раководство на партијата се: прво, како по изборите да се убедат членството, симпатизерите и, за нив, многу важните „надворешни пријатели“ дека СДСМ е жртва на уште еден изборен грабеж; и второ, како да се задоволат мршојадците гладни за власт, меѓу кои и тие самите, а притоа да не се изедат меѓу себе?

 

Четвртина век премрежиња и крстопати

По 25 години независност, продолжува битката за опстанок

Раната фаза од македонската независност, која сѐ уште трае, за жал, е премал период за сите да станат свесни за тоа каде згрешивме. Две и пол децении зад нас нѐ подучија каде во иднина можеме да ги лоцираме најголемите предизвици и како да го поставиме одбранбениот систем при удари на македонската сувереност и независност, но не ни ја дадоа точната дијагноза зошто сме овде каде што сме. Малата историската дистанца од декларацијата за независност и наталожените нерешени прашања не даваат можност со хируршка прецизност да ги отстраниме Гордиевите јазли што делумно си ги врзуваме сами, но во голем дел се испреплетуваат во соседството и подалеку.

 

Интервју: Драги Арсов, потписник на Декларацијата за независност

Наследниците на комунизмот ниту тогаш сакаа, ниту сега сакаат независна Македонија

Во мојата канцеларија тогаш кога ги подготвувавме текстовите од кабинетот на Киро Глигоров ни праќаа политички комесари со задача да нѐ контролираат. Го пречекавме Димитар Мирчев со порака од Глигоров дека треба да има увид во тоа што го правиме. Најпосле, немаше време, декларацијата за независност беше подготвена под силно влијание на македонската јавност. Стојан Андов тогаш не беше подготвен да ја потпише, одеднаш исчезна, го немаше. Во негово отсуство, јас како потпретседател на Собранието на Република Македонија ја потпишав и се гордеам со тоа што го направив во мое име и во името на ВМРО- ДПМНЕ. Додека постои независна Македонија ќе стои и мојот потпис под декларацијата, раскажува гордо Арсов.

 

Втора шанса за техничка влада

Ќе покаже ли опозицијата демократска зрелост?

Граѓанитена Република Македонија и по25 години независност водат беспоштедна борба за зачувување на националните интереси, пред сѐ на националната и културна посебност. Таа борба претпоставува и национално единство на кое декларативно повикуваат сите политички фактори. Чекорот до тоа, секако, е признавање на изборните резултати од сите учесници во демократскиот процес на избории неоспорување на легитимноста на сите институции. Доколку ваква вештачка кованица од извршна власт за спроведување избори е чекорот до таму, граѓаните на Македонија успешно ќе го поминат и овој тест. Времето што доаѓа ќе биде предизвик за сите

 

Стравот од 11 декември прави чуда:

Зоран стана поголем Албанец од Али

Секогаш кога ќе помислите дека ова е најголемата глупост од СДСМ, тој повторно ќе ве изненади со нов бисер и со уште поголема мизерија. Сега Заев, свесен дека ја нема, а нема ни да ја добие поддршката од Македонците, заигра на гласовите на Албанците?! Настрана, ќе ги добива преку Муки, Мра, Љуми, Бени и Замир. Тешко, но свесен е дека без оваа шанса, другите опции за некаква си победа се еднакви на нула. Вака, и еден наспрема милион е, сепак, некаква шанса, нели? Така барем тврди Лојд Крисмас..

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top