| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Белград: Службеникот го најавил летот за Тел Авив како лет за Палестина

 

Air Serbia

Пред ноќниот лет на Ер Србија Белград – Тел Авив, минатиот месец настанал вистински скандал откако службениот на аердоромот “Никола Тесла” летот го најавил како лет за Палестина. Меѓу патниците веднаш настанала паника и револт и воопшто не сакале да се качат во авионот се додека не се исправи грешката, пишува Н1.

– На мое изненадување, една од вработените бараше патниците на летот за Палестина, 816 да дојдат на излезот Ц3. Тоа го повтори неколку пати, раскажал еден од патниците.

– Не можев да се воздржам кога тоа го слушнав. Прво помислив дека не слушам добро, но потоа го слушнав истото – Палестина.

Патниците се обратиле на терминалот на авиокомпанијата барајќи одговори, каде што добиле потврда дека се работи за летот за Тел Авив. По објаснувањето летот за Тел Авив бил најавен три пати, а патниците добиле извинување.

Заради овој инцидент имало и приговори и реакции во израелската амбасада во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top