Светскиот рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласираше во полуфиналето на САД опен, откако во вториот сет поради повреда се повлече Французинот Жо Вилфред Цонга. Место во завршницата обезбеди и Французинот Гаел Монфилс по победата со 3:0 во сетови над сонародникот Лукас Пује. Двата победника од овие 1/4 финални дуели ќе ги одмерат силите во полуфиналето.
Кај дамите, Каролин Вознијацки од Данска забележа убедлива победа од 2:0 во дуелот против Летонката Анастасија Севастова (6:0, 6:0), а Анжелик Кербер со истиот резултат беше поуспешна од минатогодишната финалистка Роберта Винчи (7:5, 6:0). Вознијацки и Кербер ја сочинуваат првата полуфинална двојка во женскиот турнир на последниот грен слем сезонава.
Денеска ќе се одиграат и преостанатите двојки:
Мажи: Нишикори – Мареј (19:30 часот) и Дел Потро – Вавринка (2:30ч. по полноќ)
Жени: Коњух – Плискова (18:00ч) и С. Вилијамс – Халеп (1:00ч. по полноќ)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.