Ноќва околу 00.20 часот во Прилеп на ул.„11ти Октомври“ непознат сторител со запаливо средство го запалил предниот дел на паркирано возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ж.Ц. (37) од Прилеп.
Притоа опожарени биле двете предни тркала, двете предни крила, двата ретровизори, предниот браник. предната хауба, украсните и заштитни пластики на предниот дел од возилото, двата предни фара, а оштетени се и двете предни врати и целосно е опожарен моторот од автомобилот.
Пожарот е изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОКТУПА Прилеп и ООК-Прилеп.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.